Посета на „Фурна Диме“

Во склоп на наставата по општество за лекцијата „Од зрно до леб“ беше реализирана посета до „Фурна Диме“ каде учениците од второ одделение одблиску се запознаа и го видоа производството на брашно, месење, стасување и печење на лебот и белите пецива. Овој процес беше пропратно реализиран чекор по чекор со објаснување од страна на вработените. Дома си заминаа збогатени со ново искуство и подарок од „Фурна Диме“. 🥖🍞