Посета на „Фурна Диме“

Практичната настава, заедно со теоретската, создава трајни знаења. Водејќи се од ова, учениците од второ одделение заедно со нивните одделенски наставнички денеска беа во посета на „Фурна Диме“. Согласно материјалот што го изучуваат по предметот општество, го погледнаа процесот на правење леб. Конкретно, видоа како од зрно се добива леб.

Упатуваме голема благодарност за гостопримството, објаснувањето од страна на технологот и за подароците кои ги доби секое дете. Учениците денеска научија нешто ново, збогатувајќи ги своите знаења.