“Најаден човек е среќен човек”, тоа ни беше денешното мото со кое го започнавме овој ден. Учениците од IX одделение заедно со нивните класни раководители имаа чест да посетат една интересна, практична и поучна работилница во SUGS “Lazar Tanev” во Скопје.
Голема благодарност до професорот Дејан Христовски или Шеф Дени, сите вработени и учениците во училиштето кои ни овозможија да бидеме дел од нивната забавна кујна. Задоволни, насмеани и збогатени со нови искуства, нашите ученици се подготвени да се насочат кон својата идна професија.




