Посета на Собрание на ученици од петто одделение

За потребите по предметот историја и општество и негова практична примена, учениците од петто одделение реализираа посета на нашето Собрание, каде што од овластено лице во оваа институција им беше објаснета работата како и функцијата на просториите во законодавниот дом. Учениците беа придружени од наставниците Теодора Савовска и Ружица К. Младеновска.