На 15.12.2022 година беше организирана посета на Собранието на Република Северна Македонија, каде што ученици од шесто и деветто одделение се запознаа со функцијата на законодавниот дом на нашата држава, а имаа и увид и во просториите за одржување на седници и работа на пратениците. Учениците беа во придружба на предметните наставници Катерина Николовска и Мариана Стрезовска.



