Посета на сеизмолошка опсерваторија

Учениците од петто одделение во придружба на нивните наставници по природни науки, Јасминка С. Вељковска и Љупка А. Таневска остварија посета на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Учениците имаа едукативна презентација на малку познати видео материјали за досега забележани катастрофи предизвикани од земјотреси, а имаа можност и да се прошетаат низ опсерваторијата каде што се запознаа со историскиот развој на сеизмолошката служба.