Полуматурска прослава во ресторан „Аликас“

На 6.6.2024 година полуматурантите од нашето училиште имаа прослава во ресторан „Аликас“.

Преовладуваше весело и позитивно расположение кај учениците, наставниците и стручната служба кои присуствуваа, што допринесе за одлична забава и убаво помината вечер.

Полуматуранти, Ви посакуваме успешно справување со сите предизвици во средношколските денови, веруваме дека ќе чекорите цврсто и сигурно кон успехот и целите кои ги имате зацртано!