Параглајдер пилот гостин во нашето училиште

Општо познато е дека учениците најмногу учат и создаваат трајни знаења, кога визуелно восприемаат преку практични примери. Така и нашите ученици од III Б и III В одделение денеска одблизу се запознаа со г-дин Игор Ефтимов – професионален пилот на параглајдер.
И овој пат наставниците Мирослав Митиќ и Маја Дрндаревска поканија стручно лице за да им ја доближи на учениците темата за воздушниот сообраќај, отпорот на воздухот и силата на ветерот.
Голема благодарност упатуваме за целокупната реализација на овој несекојдневен час. 🪂👨‍🏫