На 11.3.2024 година се одржа олимпијадата „Бутелски Сезнајковци 2024“ во организација на Општина Бутел. Нашето училиште беше претставено од учениците Матео Слезенковски, Огнен Деспотовиќ, Теодора Георгиевска и Давид Димитров. Тие беа бодрени од група ученици од нашето училиште, а беа во придружба на предметниот наставник Катерина Николовска.
Учениците се натпреваруваа во неколку категории, а крајниот резултат беше освоено ПРВО место во конкуренција со останатите шест основни училишта од нашата општина.
Честитки за постигнатиот успех на нашите ученици, како и за останатите учесници.



