Нашето училиште беше домаќин на олимпијадата „Бутелски Сезнајковци 2025“ под покровителство и организација на Општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски.
Тимот кој не претстави беше во состав од учениците Давид Димитров, Павел Милевски, Теодора Георгиевска и Оља Челиковска.
Учениците се натпреваруваа во неколку категории, а крајниот резултат беше освоено ПРВО место во конкуренција со останатите основни училишта од нашата општина.
Честитки за постигнатиот успех на нашите ученици, како и за останатите учесници!



