На општинските натпревари во футсал организирани од Федерацијата на училишен спорт на Македонија, нашите ученици од шесто и седмо одделение го освоија второто место.
Натпреварите се одиграа во ООУ „Панајот Гиновски“, а нашите ученици беа предводени од наставниците по ФЗО Виолета Николова и Изабела Апостолоска.



