Одржан училишниот квиз „Бутелски сезнајковци 2025“

На 27.3.2025 година по трети пат се одржа училишниот квиз „Бутелски Сезнајковци 2025“ во организација на општина Бутел а под покровителство на Градоначалникот Дарко Костовски.

Учествуваа ученици од осмо и деветто одделение, кои ги мереа своите знаења за материјал по разни наставни предмети.

Координатор на квизот беше наставничката Јоана Искова, а беа присутни и претставници од општината.

Учениците Давид Димитров, Теодора Георгиевска, Павел Милевски и Оља Челиковска освоија најголем број на поени и ќе го претставуваат нашето училиште на општинско ниво.