Одржан училишен натпревар по англиски јазик

Изминатата недела се одржа училишен натпревар по англиски јазик организиран од наставниците на овој наставен предмет. Се натпреваруваа ученици од петто до деветто одделение, притоа мерејќи го своето знаење во граматички категории, структури, распознавање и читање со разбирање. Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на јавно место во училиштето во текот на следната недела.