На 16.5.2025 година во просториите на нашето училиште се одржа саем на занаетчиство, под покровителство на Занаетчиската комора Скопје со поддршка од општина Бутел.
На саемот обраќање пред присутните имаа директорката на училиштето, Снежана Петреска, како и претседателот на Занаетчиската комора Скопје, г-дин Горан Ристовски, кои ја нагласија важноста на стручното образование и можностите за напредок и усовршување.
На саемот беа изложени штандови од повеќе стручни средни училишта на град Скопје, а учениците од IX одделение од целата општина имаа можност одблиску да се запознаат и да се информираат за програмите и условите кои ги нудат овие училишта, со цел информирано да се одлучат каде ќе го продолжат своето образование.
Саемот беше збогатен и со настап на фолклорното друштво „Плетеница“.



