На 23.5.2024 година се одржаа меѓуучилишни спортски игри во фудбал и кошарка помеѓу учениците од нашето училиште и ученици од ООУ „Панајот Гиновски“.
Во машка конкуренција, учениците од трето одделение се изборија за првото место во фудбал, а учениците од четврто одделение освоија прво место во кошарка и фудбал. Во женска конкуренција, беа освоени првите места во кошарка за трето одделение и кошарка и фудбал во четврто оддделение.
Настанот беше реализиран од наставниците по ФЗО според проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, а беа доделени дипломи за освоените места на учениците.



