Одржана манифестација за заштита од пожари

На 26.2.2025 година се одржа манифестација посветена на заштита од пожари, во организација на Општинскиот Противпожарен Сојуз Бутел, со покровителство од општина Бутел и во соработка со основните училишта од општината.

Како домаќин училиште, беше подготвена соодветна програма со интонирање на химната на Република Македонија, драматизација, рецитал, настап со кларинет како и ритмичка изведба. Беа доделени благодарници и дипломи за најдобрите творби од литературно-уметничкиот конкурс на оваа тема, а беше презентирана и вежба со претставници од Црвен Крст за правилно постапување во ситуација со настанати повреди од пожар.