Одржана воведна работилница за превенција на насилство

Стручната служба на нашето училиште, во соработка со СВР Скопје започнуваат со реализација на серија работилници за превенција на насилство кои ќе се одржуваат во текот на целата учебна година. За таа намена, формиран е клуб за превенција од насилство, во кој членуваат ученици од седмо и осмо одделение. Денес се одржа првата воведна работилница.