Денес – седми април, го одбележавме Светскиот ден на здравјето. Имено, учениците од второ одделение ги посетија првачињата заедно со нивните наставници, разговараа за здравата храна, за водење на здрав живот, за важноста на здравјето. Тие несебично, грижејќи се за здравјето на своите другарчиња симболично им поделија по едно овошје.
Дел од работилницата беше спроведена на училишното игралиште.



