Одбележување на 17ти март – Формирање на Црвениот Крст во Република Северна Македонија

Денес во нашето училиште се одбележа 17-ти Март – Денот на формирање на Црвен Крст на Република Северна Македонија. По тој повод наставничките Светлана Стојкова и Маја Дрндаревска организираа и спроведоа низа активности во II-a, II-б, II-в одделение во текот на неделата. Од I до IX одделение се прочита краток текст за Црвен Крст на Република Северна Македонија со цел да се подигне свеста на оваа организација, се поделија знаменца на Црвен крст.