23ти април е датумот кога се одбележува Светскиот ден на англискиот јазик. Изминатите неколку дена активот по англиски јазик со учениците од одделенска и предметна настава подготвија неколку активности за одбележување на овој ден.
Наставничката Светлана Стојкова со нејзините ученици истражуваа интересни факти за англискиот јазик, а направија и интересни цртежи инспирирани од овој ден.
Наставникот Бојан Јовановски со група ученици од IV одделение направија постер за англиската азбука.
Наставничката Катерина Богданова со учениците од Визбегово создадоа колаж од букви од англиската азбука, а наставничката Ружица Кикерекова Младеновска ни подготви неколку видео записи со нејзините ученици од III одделение. 

Линк до facebook страницата со видео записи.



