Одбележување на Први април, ден на шегата

Во пресрет на Први април, денот на шегата, учениците од нашето училиште денес на часовите се појавија со разновидни маски и креации. Дел од нив беа одбрани и како претставници од училиштето на манифестацијата „Априлијада 2023“ во организација на Општина Бутел – Opstina Butel.