Одбележување на ден на трисомија – Даунов синдром

За одбележување на денот на трисомијата – Даунов синдром, во нашето училиште на ден 21.3.2023 година се одржа предавање и презентација за Даунов синдром.

Во организација на наставниците Лилјана Петковска и Јасминка Стојанова Вељковска поканета беше и личност со Даунов синдром. Марио Мицковски, кој што е успешен спортист, присуствуваше на предавањето и со учениците ги сподели неговите успеси.