Одбележан 8ми Март, Светскиот ден на Жената

8ми Март, Светскиот ден на Жената го одбележавме со низа активности со учениците од прво до петто одделение. Изработки, честитки, рецитали и картички беа дел од пораките кои учениците ги подготвија со нивните наставници за овој посебен ден.