Нашето училиште го одбележува 16ти октомври, Светскиот ден на храната со мото „Храна за подобар живот и подобра иднина“, проследено со низа активности. На наша покана, гостуваа ученици од СУГС „Лазар Танев“ придружени од нивниот професор Дарко Миладиноски.
Беше реализирана работилница каде што гостите, во соработка со наши ученици од шесто до деветто одделение, како и неколку наставници направија разновидни ордевери од овошје и зеленчук, во навистина уникатни и креативни облици.



