Одбележан Светскиот ден на Среќата

Под мотото “Бидете внимателни, бидете благодарни, бидете љубезни“ се одбележува 20ти март, Светскиот ден на среќата, под покровителство на Обединетите Нации. Нашите ученици од шесто одделение, под менторство на наставничките Мариана Стрезовска и Цветанка Гаговска го одбележаа денот со изработка на разни творби и истите ги поставија низ училиштето. Тие исто така испишаа и споделија со нас пораки за тоа што нив ги исполнува и ги прави среќни.