Одбележан светскиот ден на сидата

Го одбележуваме светскиот ден на сидата со работилници и презентации на оваа тематика со учениците од 8мо и 9то одделение, организирани од наставничката по биологија, Лилјана Петковска.

На покана на наставничката гостуваше и наша поранешна ученичка, а сега медицинско лице, апсолвент на ПМФ – Биохемиска насока, Ивана Мрчковска, која стручно им презентираше на учениците факти и информации.

Презентациите ги следеа и директорката, стручната служба како и дел од наставниците.