Денес го одбележавме Светскиот ден на книгата со техниката „Авторска столица”, со која учениците се запознаваат со содржина на непрочитана книга.
Ученикот Матео Слезенковски под менторство на наставничките Татјана Цветковска и Цветанка Гаговска, како и библиотекарот Златко Тапчановски успешно ја реализираа активноста и докажаа дека книгата е врска меѓу минатото и иднината.
Исто така, меѓу наставниците беа поделени изработени мисли од најубавите книги. Ја прославивме книгата во духот на мисијата што таа ја носи како градител на мостови на љубов и разбирање.



