Одбележан Светскиот ден на Книгата

Денес, 23 април, Светскиот ден на книгата беше одбележан во нашето училиште преку повеќе активности: творење песни и есеи, пишување на креативни пораки за книгата и нејзиното значење, рецитирање и изработка на проекти во кои учениците со задоволство учествуваа и ги презентираа во училишната библиотека. Согледувајќи го огромното значење на книгата како неисцрпен извор на знаење, учениците го избраа вистинскиот пат кон светлата иднина!