Одбележан Светскиот ден на Енергетската Ефикасност

Денес е светски ден на Енергетската ефикасност, по тој повод наставниците по физика, хемија и биологија Јоана Искова, Јасминка С. Вељковска и Љупка А. Таневска им презентираа на учениците од VIII А, VIII Б и V А одделение начини на штедење на енергија, материјали кои се користат при изолирање на објекти како и неколку играчки кои работат со соларен панел, под дејство на сончева светлина.

На оваа работилница присуствуваше директорот на училиштето, Снежана Петреска, како и стручната служба.