Одбележан меѓународниот ден на реката со акција за чистење на реката Серава

По повод меѓународниот ден на реката, кој се одбележува на 14ти март, општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски организираа акција за чистење на дел од реката Серава, во која се приклучија учениците од шесто одделение со група наставници. Оваа акција беше спроведена во соработка со ООУ „Живко Брајковски“.