Под мотото „Со почит кон минатото, учиме за иднината“ нашето училиште го одбележа патрониот празник со вечерна претстава и голем број на гости од локалната самоуправа, градот Скопје, Министерството за образование, но и гости од странство како и родители и ученици.
Обраќање пред присутните имаа градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски и директорката на училиштето Снежана Петреска, кои го честитаа празникот и ни посакаа уште многу успешни денови.
Самата претстава се состоеше од низа активности подготвени од тим наставници од нашето училиште. Учениците низ песни, рецитали и ритмички точки се претставија во најдобро светло.



