Во нашето училиште се одржа настанот „Недела на информатиката“ од 5-9 февруари под менторство на наставничката по информатика Нина Стојановиќ.
Се реализираше активност во која учениците програмираа игра на Scratch. Играта се вика “Фати ја ѕвездата”. Во активноста учествуваа учениците Матеј Савовски и Иринеј Стојчевски од VI В одделение.



