Одбележана е Детската недела со неколку активности спроведени низ одделенијата. Учениците од V одделение пишуваа песни за „Другарство“ и ги посетија првачињата, ученици од III Б одделение низ цртежи ги преточија своите мисли на оваа тема, а учениците од I В одделение изработија постер посакувајќи им на сите деца среќно и безгрижно детство.



