Обука на тема „Препознавање и превенирање на меѓуврсничко насилство и подготовка за работа со деца, креатори на насилно однесување и жртви на насилство во воспитно-образовните установи“

Со поддршка од општина Бутел и градоначалникот Дарко Костовски, а во соработка со Институтот за развој и унапредување на образование, култура, економија, право, здравје, спорт и други општествени феномени ЕВРОПСКИ СОЅВЕЗДИЈА, се одржа обука за наставниците, стручните соработници и раководни лица од нашето училиште на тема „Препознавање и превенирање на меѓуврсничко насилство и подготовка за работа со деца, креатори на насилно однесување и жртви на насилство во воспитно-образовните установи“.

Обуката беше реализирана од тим професори од филозофскиот факултет, во состав проф. д-р Орхидеа Шурбановска, проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова, проф. д-р Тања Милошевска и проф д-р Софија Арнаудова.