Обука за пружање прва помош

На 06.3.2023 година во спортската сала се одржа обука за давање прва помош, каде што претставници од Црвен Крст – Чаир Kryqi i Kuq – Çair во соработка со наставникот по физичко и здравствено образование, Маријанчо Дамјановски практично демонстрираа како треба да се постапи во случај на повреда.

На обуката присуствуваа ученици од седмо до деветто одделение, а дел од учениците кои покажаа поголем интерес имаа можност да поразговараат и да постават прашања околу оваа тематика.