Наставниците од нашето училиште, со група колеги од ООУ „Гоце Делчев“, „Лиман Каба“ и „Александар Урдаревски“ имаа дводневна обука организирана од Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието на тема „ Примена на иновативни интегрирани пристапи во наставата“.
Обуката, која е дел од постојаното професионално развивање на наставниците, беше изведена од Академија ЦЕС во нашето училиште, а обучувач беше професор Сузана Станковска. Беа разработени нови пристапи во наставата, со современи техники и методи, а беа споделени и искуства од наставниците од тековната настава.



