Нашите ученици со нивните одделенски наставници и група родители се погрижија училишниот хол да биде украсен во духот на претстојните новогодишни празници!
Цртежи, украси и разновидни декорации сега го красат холот, а пред училишната бина е поставена и елка изработена од дрвени гајби, кои минатата година ученици од предметна настава ги подготвија во рамките на Еразмус+ проектот „Училиште без пластика“. 




