Изминатите три дена беше организирана научно-истражувачка екскурзија до Ботаничка градина на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет за одбележување на месец ноември како месец на науката.
190 ученици од нашето училиште, во придружба на наставничката по биологија, Лилјана Петковска и наставничките Марина Георгиева, Маја Автовска и Виолета Николова се запознаа одблизу со растенијата и ендемските видови од нашето поднебје кои се одгледуваат и истражуваат таму, а имаа и едукативни работилници каде што се вршеа експерименти, разгледуваа готови препарати и препарати во подготовка со електронски микроскоп.
Учениците покажаа голем интерес и имаа одлична соработка со презентерите.



