Проектни Активности

Меѓународен проект „Училиште без пластика / School plastic free movement“ Erasmus+ KA3

Живееме во време на големи предизвици, особено кога станува збор за животната средина. Здрава животна средина, средина без пластика значи продолжен живот на нашата планета Земја, односно на нас самите. Затоа на оваа тема треба постојано да се разговара. Уште од најмала возраст да се стекнат навики за одржување на здрава и чиста средина. За таа цел во нашето училиште постојано имаме работилници и неизбежни термини се: правилно складирање на отпадот, рециклирање, употреба на материјали кои се биоразградливи и слично.

Преку примери од нашите ученици и сликовито го прикажавме тоа. Храната која е пакувана во пластични ќеси ја заменивме со храна која е спакувана во биоразградлива фолија. Целиме во оброкот на учениците да биде застапено свежото овошје и зеленчук. Тоа го правиме од две причини. Првата, оваа храна содржи витамини и минерали кои се неопходни за правилен психо-физички развој на учениците, втората овој вид на храна не е пакуван во пластична амбалажа, која по употребата ќе влијае штетно на животната средина.

Нагледните средства и манипулативи кои секојдневно ги употребуваме на нашите часови се од природни материјали, грав, дрво, ориз, леќа…Пластичните карти, математичките сметалки, пластичните стапчиња постепено стануваат минато.

Секое утро пред да ни започнат часовите учениците прво ја посетуваат кутијата каде оставаат пластичен материјал за рециклирање, па потоа одат на час. Ги учиме дека со секое собрано пластично шише допринесуваат за здрава животна средина, училиште без пластика, која е важна за нив, за нивните семејства и за идните генерации. Ако сакаме да се случат промени, почнуваме од нас.

Бидејќи ние сме наставници на учениците од најмала возраст, период каде се градат како личности, имаме задача да делуваме директно, да направиме од нив корисни луѓе за општеството. Една од најбитните задачи е да ги научиме да си се сакаат себе си, да го сакаат местото кај што живеат, односно да се грижат, да допринесуваат за здрава животна средина.

Директното наше влијание ќе допринесе да и’ го продолжиме животот на нашата планета Земја, односно нашиот живот, каде ќе бидеме здрави и среќни дека токму од нас потекнува промената кон подобро утре.

Носител на овој проект е NGO Friends of Education, а нашето училиште како амбасадор – училиште се приклучи кон оваа акција како партнер. Одделенскиот наставник, а воедно и амбасадор – наставник, Мирослав Митиќ го предводи овој проект во нашето училиште. Дел од наставниците кои земаа учество преку одржување на работилници во проектот се Бојан Јовановски, Светлана Стојкова, Сузана Младенова, Маја Дрндаревска и Даниела Пижевска.

 

 

 

 

На овој линк се постави уште многу работилници од нашето училиште:

https://schoolplasticfreemovement.org/mk/activities/activities-in-north-macedonia/

https://schoolplasticfreemovement.org/

 

 

Роботика наспроти насилство

 

Роботиката наспроти насилство е проект Еразмус+ KA3 – Поддршка за реформи во политиките 612872-EPP-1-2019-1-IT-EPPKA3-PI-FORWARD одобрен од Европската комисија и има за цел да го спречи малтретирањето уште од раните училишни години преку употреба на иновативни педагошки образовни стратегии за кооперативна употреба на роботиката. Спојувајќи ги иновациите, социјализацијата, учењето, образованието, тимската работа, учењето преку правење на полето на едукативни роботи, учениците ја свеста за малтретирањето неопходна за негова превенција и сајбер-малтретирањето преку универзалниот јазик на учење преку правење, врсничка едукација како стратегија за вклучување, во проксимална средина за учење. Проектот има за цел да функционира и на полето на училиштето и на високото образование преку обраќање до наставниците со курсеви кои ќе ги подобрат нивните дигитални вештини и ќе им овозможат капацитет за структурирање на меѓудисциплинарни активности користејќи роботи и ИКТ за да се спречи малтретирање и да се промовира инклузија. Одделенскиот наставник Мирослав Митиќ помина обуки во повеќе Европски земји, размена на искуства и започна со развивање на проектот во нашето училиште.

Активностите кои ги разви носителот на проектот за нашето училиште кај учениците се засноваа на проксимално кооперативно учење што се користи на неформален и заснован на игра начин.

Иновативноста и вкрстената дисциплинарност се основните вредности на овој проект бидејќи тој произлегува од идеите на наставникот кои во неговата секојдневна работа се соочуваа со потребата од повеќе инволвирани наставни методи и да се справи со предизвикот на социјалната вклученост.

Партнерството разви модули за обука, почнувајќи од силна психо-педагошка основа, адресирани до наставниците со цел да ги подобрат нивните компетенции во креирањето на активности за роботика како главна алатка за всадување кај децата само/групна заштита како став против малтретирање. Со цел да се постигне ефективно влијание, проектните партнери работеа и на основните нивоа и на нивоа на донесување одлуки, обраќајќи им се директно на наставниците и училиштата за време на пилот фазата и институциите (универзитетите, центрите за обука и креаторите на политики) со конкретни препораки и наставни програми за обука. Конечната цел на партнерството е да се создаде меѓународна мрежа на институции посветени на спречување на малтретирањето преку иновативни средства. Партнерството е составено од претставници на наставниците и креатори на одлуки/политики со цел да се добие подлабоко влијание во зајакнувањето на професионалниот профил на воспитувачите, кои дејствуваат и на основно и на високо образование.

Во нашето училиште од страна на одделенскиот наставник Мирослав Митиќ беа спроведени: обуки за наставници за употреба на роботот Mind, беа изработени вкупно дванаесет игри од наставниците aмбасадори во Р.С. Македонија и истите работилници беа презентирани и спроведени во нашето училиште во одделенска и предмента настава.

 

https://www.roboticavsbullismo.net/mk/activities/activities-in-north-macedonia/

Официјна веб страна со сите активности во нашето училиште

https://www.roboticavsbullismo.net/mk/

Проект GROW – Green Revolution of Youth

Проектот е на самиот почеток, пред реализација на активностите ќе се реализира обука на наставници во  Шпанија, месец март 2025. Овој проект ги поврзува училиштата од Шпанија и Северна Македонија  кои сакаат да создадат вистински промени и да развијат соодветни вештини за претпиемништво, знаење, поддршка и да ги претворат нивните идеи во реалноста. Оваа програма е наменета за млади луѓе кои вообичаено немаат пристап до можностите како оваа, затоа нашето училиште, како партнер училиште  во соработка со Business Impact Lab Egeria Desarrollo Social & Friends of Education  преку имплементација на GROW, младите од Македонија и Шпанија ќе развијат вештини, ќе учат за Европскиот Зелен Договор и ќе спроведат многу локални иницијативи.

Целта е да поттикнеме одржливост, активно граѓанство преку интеркултурна соработка!

Проектот е кофинансиран од Европската Унија во рамките на програмата Еразмус +.

 

 

   

„Pro Social Values работилница“  имплементација на позитивни општествени норми и вредности  во образованието

 

 

Проектот ProSocial Values, кој ја основа светската мрежа Никој помалку, се справува со предизвикот на социјалната вклученост и образование помагајќи им на децата од 5 до 15 години да ги научат просоцијалните вештини, да развијат позитивни меѓучовечки односи и затоа негуваат социјален соживот и индивидуално зајакнување. Средствата преку кои се постигнa оваа промена се меѓународна заедница на училишта кои соработуваат во промоција на активности на национално и меѓународно ниво, специфична обука за наставниците и збир на сериозни игри за вклучување на учениците и подобрување на нивните просоцијални вештини. Партнерите развија обука за наставниците одговорни за нивните локални просоцијални заедници. Како интеграција на обуката, се разви сериозна онлајн игра за просоцијалноста, со различни нивоа на тежина. Откако наставниците беа обучени за конкретни методи за предавање на просоцијалните вредности,  започна фазата на истражување како и мерење и анализирање на социјалните подобрувања во вклучените училишта.Меѓународни конференции, локални семинари и работилници и трите билтени придонесоа за ширење и искористување на резултатите од проектот. Еден од главните резултати на проектот е формирањето на мрежа на меѓународна заедница наречена „Никој помалку“, која штотуку расте и веќе брои најмалку 20 земји во светот. Оваа мрежа е усвоена од humanity-foundation.info за поддршка на образованието и просоцијалните вредности во светот.

Нашето училиште со задоволство учествуваше во проектните активности. Одделенските наставници Мирослав Митиќ, Даниела Пижевска, наставникот по англиски јазик Ружица Кикерекова Младеновска и Анка Митрески ги поттикнаа учениците на возраст од 6 до 14 години во училишната сала да ја прикажат емпатијата меѓу учениците. Во реализација на видео спотот учествувуваа околу шеесетина ученици, тројца наставници и психологот на училиштето. Тоа го поткрепивме со фактот дека при реализирање на активностите вклучивме ученици од различна возраст, ученици со посебни потреби, ученици од социјално загрозени семејства, ученици со послаби постигнувања на училиште, ученици со солидни постигнувања, како и  ученици кои имаат освоено награди на натпревари.

Сите заедно, сплотени си помагаме и преку спортските активности ја покажуваме нашата еднаквост.

Со задоволство заклучивме дека добивме  зголемување на соработката меѓу наставниците и учениците. При реализирањето на актвивностите наставниците го акцентираа меѓусебното помагање и инклузијата во воспитно-образовната практика.

Како крајна цел, овие активности кои ги беа спроведени ја подобруваат комуникацијата меѓу самите ученици, учениците и наставниците, што е неизбежно при реализација на успешна позитивна практика во нашето училиште. Учениците беа поделени во групи и во парови и ги изведуваа следните активности

ПРЕСКОНУВАЊЕ, ПРОТНУВАЊЕ – двајца ученици вртат јаже на различни висини, останатите ученици во парови го прескокнуваат, се протнуваат. Наставникот Мирослав Митиќ дава пример за изведување на вежбата, потоа ги следи и им помага на учениците при реализирање на активноста.

Цел е групна кохезија, соработка, комуникација. Од реквизити дебело, долго јаже.

ПОГОДИ ГО БРОЈОТ – активност која може да се реализира во корелација со предметите математика и физичко и здравствено образование. Учениците се наредени во колона еден зад друг. Пред нив на ѕид има табела стотка. Едно другарче замислува број, а другото треба да го погоди бројот со фрлање на топката кон табелата. Наставничката Даниела Пижевска ги насочува и им помага на учениците при реализирање на оваа активност.

Целта е тимска игра, комуникација и соработка. Од реквизити потребни беа топки.

ЗМИЈА СО ТОПКИ – на теренот се наместени, пречки на одредено растојание. Помеѓу секој ученик се поставува по една топка што се позиционира на ниво на градниот кош, т.е грб на секој ученик. Формираните колони се движат низ поставените пречи. При оваа активност помагаше и насочуваше наставничката Ружица Кикерекова Младеновска. Целта е тимска работа, соработка и интеракција. Реквизити за активноста топки и корнети.

5.7  ГРБ СО ГРБ – на теренот се наредени пречки кои не се во права линија. Учениците се поделени во парови, паровите се свртени грб со грб, а топката се позиционира на грбот од двајцата ученици во парот. Учениците се движат внимателно минувајќи ги пречките со цик-цак движења, без притоа да им падне топката. Психологот Анка Митрески им помагаше на учениците при реализација на активноста.

Целта е тимска работа и координација. Реквизити за активноста топки и конуси.

Учествуваа и  ученици кои во парови играат багминдон, поединечно скокаа на јаже се со цел – спроведување повеќе активности истовремено за поголема интеракција меѓу учениците. На самиот крај  се придружија ученици од седмо и од осмо одделение кои им дадоа поддршка на своите соученици. Формираа еден круг  под мотото “Различни, а сепак исти„ и во чест на другарството.

Линк до видео спотот:

Одговорни наставници: Мирослав Митиќ, Даниела Пижевска, Ружица Кикеркова Младеновска, Анка Митревски

 

OLME (One Life Many Endings) проект

ОЛМЕ Проектот има за цел зајакнување на вештините на младите адолесценти за подобрување на нивната ментална благосостојба, прилагодливост кон промени и спречување на ризични ситуации, како и поддршка на младинските работници со иновативни и инклузивни пристапи за работа со најранливите. Преку идентификување и собирање добри практики, развој на три модули за е-учење и организирање на обука за обучувачи, проектот ќе создаде структурирана патека за Крајното образование, што ќе помогне во навигација низ различни животни преоди и загуби. Обуките и пилот-тестирањето со млади ќе обезбедат практична примена, а преку мултипликативни настани и вмрежување, резултатите ќе се дисеминираат и ќе се поттикне ширење на добрите практики. На овој начин, проектот ќе придонесе за подобрување на квалитетот на младинската работа, поттикнување на синергија меѓу организациите и развој на генерација која ќе биде подготвена да се соочи со животните предизвици со поголема стабилност, свесност и прилагодливост.
Носител на овој проект е одделенскиот наставник амбасадор Мирослав Митиќ.

2024-1-IT03-KA210-YOU-000247223 One Life Many Endings