Пристигна период од годината кога ги собираме “плодовите” од нашата успешна работа. Во овие моменти кога учениците не одат во училиште, ни пристигна прекрасна пратка, во вид на медали и сертификати од учеството на нашите ученици на меѓународен натпревар по математика. Во рамките на Меѓународниот натпревар “Mathematics without borders” учество зедоа преку 18 000 ученици, од 19 држави, од 5 континенти. Еден од домаќините на тие натпревари беше и нашето училиште и на натпреварот кој се одржа на 7 февруари 2020 година, учествуваа вкупно 52 ученици, од кои 46 од ООУ Свети Климент Охридски и 6 ученици од ООУ Живко Брајковски.
Учениците од ООУ Свети Климент Охридски освоија вкупно 11 сребрени и 11 бронзени медели.
Останатите ученици добија СЕРТИФИКАТ за успешно учество. Според одделенија, постигнати беа следниве резултати:
Учениците од 3 одделение:
1 сребро и 1 бронза ;
Учениците од 4 одделение:
3 сребра и 3 бронзи;
Учениците од 5 одделение:
4 сребра и 3 бронзи ;
Учениците од 6 одделение:
1 бронзен;
Учениците од 7 одделение:
3 сребра и 3 бронзи.
Честитки за учениците и за нивните ментори: Даниела Тасева Пижевска, Хилда Јаневска, Сузана Младенова, Маја Дрндаревска, Мирослав Митиќ, Снежана Петреска, Маја Димковска, Васка Тошевска Момироска, Маја Автовска и Игор Сасански. На учениците и нивните ментори им посакуваме слични и поголеми успеси во иднина.
На линкот подолу погледнете ја огромната галерија на слики од медалите и сертификатите за успешно учество на нашите ученици:
https://drive.google.com/drive/folders/1Cn91wbTX4obBKYwMQV9QUT_g5lhzd56C


