Литературно читање по повод 11ти Октомври

Учениците од осмо В одделение во придружба на наставничките Цветанка Гаговска и Маја Автовска учествуваа на литературно читање по повод 11ти октомври, Ден на народното востание. Литературното читање беше организирано од страна на општина Бутел, а учествуваа и ученици од другите основни училишта. Учениците се претставија со свои творби.