Во пресрет на 15ти април, денот на уметноста, ученици од нашето училиште, во придружба на наставникот по ликовно образование Санда Миева, присуствуваа на работилница насловена „Oд песна до слика“, каде што покрај ученици од нашето училиште, учествуваа и ученици од „Петар Здравковски Пенко“ и приватното училиште за цртање „Курс Мотиви“.
Настанот беше во организација на Градска библиотека Ј.У. „Браќа Миладиновци“- Скопје, подрачна библиотека „Цветан Димов“ во општина Чаир. На настанот присуствуваа и Писателот Михалјо Свидерски како и ликовниот уметник Ферди Булут.
Ученици кои земаа учество од нашето училиште се Ања Костовска, Стефан Трајковски, Ирена Ристиќ од IX одделение и Вања Глигорова од VII одделение.


