Почитувани ученици, родители и наставници,
Денес се усвоени сет образовни мерки со кои се обезбедува непречено функционирање на воспитно – образовниот систем!
👉 Учениците од основните и средните училишта НЕ се враќаат во училишните клупи до крајот на учебната година !
👉 Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома !
👉 Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни, а списоците со запишани ученици, училиштата ќе ги објават најдоцна до 15 јули !


