Есенска работилница

Нашите вредни ученици од прво до петто одделение се потрудија да направат изработки во вид на цртежи, постери, декорации како и драматизација за одбележување на почетокот на есента преку реализација на есенска работилница со нивните одделенски наставници. Тие овие изработки ги употребија за украсување на училишниот хол како и за своите училници.