Голема благодарност до Кроација осигурување АД Скопје – Друштво за осигурување на живот за донацијата на канцелариска опрема и мебел во нашето училиште.
Училниците се опремија со бироа, плакари, ормари и фиоки за складирање на материјали, наставничката канцеларија е опремена со столици, бела табла е поставена во кабинетот по македонски јазик а подновена е и училишната библиотека со работни маси и биро.



