Под мотото „Знаењето е светлина на иднината“ беше одржана свечена манифестација во организација на општина Бутел, каде што беа доделени стипендии за истакнати ученици и првенци на генерација од страна на Градоначалникот Дарко Костовски.
Од нашето училиште, по претходно извршена комисиска проверка и бодување, за истакнати ученици беа избрани и изгласани на наставнички совет следните ученици:
V одделение – Илина Путовиќ
VI одделение – Ангела Јованчова
VII одделение – Павел Милевски
VIII одделение – Матео Слезенковски
IX одделение – Софија Штрбевска
Честитки до наградените ученици, им посакуваме со нивниот вложен труд да продолжат да служат како инспирација за сите нас!



