„ Градиме мостови на пријателството“

„ Градиме мостови на пријателството“ , е проект кој допре до срцата на сите, а за кој нашиот одделенски наставник Мирослав Митиќ беше прогласен за Наставник амбасадор во Република Северна Македонија. https://psv.europole.org/…/%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be…/…
Мотивираноста за да се постигнат добри цели, несебичното вложување, континуираната работа и труд, секогаш водат кон успешни резултати.
Проектите на кои постојано работиме, ни овозможуваат да оствариме нови пријателства и да реализираме активности кои ќе ни помогнат да имаме образование во кое секој ученик ќе се чувствува среќен, еднаков и задоволен.
Голема благодарност до сите ученици коишто беа дел од овој успешен проект , наставниците и стручните соработници кои соработуваа во реализација на истиот: Анка Митревски , Даниела Тасева Пижевска, Maja Дрндаревска, Ружица Кикерекова.