По повод месецот на науката во текот на часовите по физика, хемија, биологија и природни науки учениците изведуваа различни обиди и експерименти за покажување на различните видови движења, дејството на различните видови сили, моделираа и изработуваа молекули, играа домино со хемиски симболи и демонстрираа циркулација на екскреторен систем. Експериментите беа надгледувани од предметните наставници Јоана Искова, Јасминка С. Вељковска, Владимир Костовски и Љупка А. Таневска.



