Вклучување во недела на борба против гладта

Се вклучуваме во глобалната кампања организирана од Црвениот крст – ОО Чаир со слоган „Помислете и на нас“ која се одвива од 16ти до 22ри октомври.

Во оваа недела на борба против гладта, наставници, ученици и нивните семејства донираат храна за лица и ученици на кои им е најпотребна. Организатор на оваа кампања во нашето училиште е наставникот по ФЗО Марјанчо Дамјановски.