Акција за донирање на стара хартија

Почитувани,

Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов -Скопје, започна кампања под мотото „Донирајте стара хартија – за нова Брајова книга“.
Целта на акцијата е да се собере стара и неупотреблива хартија (стари книги, учебници, списанија итн.) со цел истата да се рециклира и да се добие нова хартија која ќе се употреби за изготвување на учебници на Брајово писмо.

Нашето училиште се вклучува во оваа акција. Доколку имате хартија за донирање доставете ја во нашето училиште, а ние ќе ја доставиме до соодветното училиште. Се надеваме дека и Вие ќе се вклучите во оваа акција!